„ПОРОДИНСКА КУЌА“ Е НАЈСТАРИОТ НАДЗЕМЕН ХРАМ ВО СВЕТОТ.
Породинска куќа” претставува најстар надземен храм на светот. Најстарите сведошта за архитектонските поединечни и групни волуменско – просторни композиции во вид на наколни живеалишта се во Дојранското, Охридското, Преспанското и другите езера, како и неолитските континентални и островски населени места кои го афирмираат големиот степен на развиток на цивилизација. Светилиштата во вид на “Камени Столици” (“Долмени”) од Црна Лома или Илина Гора кај Осинчани и комплексот од разновидни долмени од “Штерпа” близу до Богданци, како и најстариот неолитски обелиск од “Милисин” на подножјето на Кожуф Планина се само непобитни праисториски сведоштва за континуитетот и разновидноста на материјалната култура.
Легенди за овој крај зборуваат за водите и светиот град на планината Плачковица. Едната од легендите вели дека Филип Втори, го однел бебето Александар кај бабата која тука помагала на сите за да го излекува од нападите на плач. Таа му рекла дека плаче поради тоа што поседува огромна енергија и со плачење се ослободува од неа. Му предвидела дека ќе стане крал на светот и ќе ја надмине славата на татко си. Филип Втори и кралот Липиј, кралот на Светиот Град, или тогашна Пајонија, од радост и олеснување се расплакале. По нив целиот народ. По нивниот плач е крстена планината Плачковица.