ПОНИШТЕНА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈА ЗА ЛОВ НА ДИВЕЧ ВО ГЕВГЕЛИЈА И РЕОНИТЕ КУМАНОВО, КОЧАНИ, КАВАДАРЦИ, БИТОЛА, ОХРИД и КИЧЕВО

На третата седница на Влада се поништи постапката за доделување на концесија на дивечот во ловиштата во ловните реони Куманово, Кочани, Кавадарци, Гевгелија, Битола, Охрид и Кичево и истите ќе бидат реобјавени согласно новиот закон, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски.
 
На денешната трета седница на Влада се донесе одлука со која се направи пренамена во програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година со која се обезбедуваат преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 600 милиони денари за дополнителни директни плаќања за земјоделците за растително и сточарско производство кои до сега биле неисплатени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *