На денешен ден пред 30 години почина Фреди Меркјури (роден Фарок Булсара во 1946 година). Плоден текстописец, аранжер и музички продуцент, совршен театарски забавувач и еден од најпознатите рок пејачи во 20-тиот век, Меркјури беше на чело на Квин од 1970 година до неговата смрт во 1991 година.
Тој бестрашно ги поместуваше уметничките граници, верувајќи во спонтаноста на изведбата во живо: секое негово шоу беше различно. Тој беше и остана шампион.