ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР КШИШТОФ ГЖЕЛЧИК ВО ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија се приклучи кон иницијативата „Полска на полица“
Денес во посета на библиотеката дојдоа амбасадорот на Р. Полска, г. Кшиштоф Гжелчик и неговата сопруга, г-ѓа Јоланта Гжелчик, да ја претстават иницијативата „Полска на полица“, во која учествуваат и библиотеките од Скопје, Охрид, Тетово, Битола и Штип.

Амбасадата на Р. Полска во рамки на иницијативата донираше 50 наслови од полски автори, каде се вклучени класици, но и дела од современи автори, а покрај книги за возрасни, застапени се и изданија за помлади читатели и деца, меѓу кои и книгата „Мечето Ушко“ (Miś Uszatek) со еден од најпознатите ликови меѓу децата од Полска и пошироко.

Покрај книгите од полски автори, директорот на библиотеката Стефан Марковски донираше по еден примерок од неколку изданија на амбасадата, меѓу кои и монографијата „Гевгелија – 130 години град“ и збирките поезија „Метрички карван“ во издание на библиотеката.
 
Директорот Марковски и амбасадорот, покрај за иницијативата, дискутираа и за можностите за промоција на класиците од современата полска литература, за македонско-полските врски во културата, како и за можностите за надминување на некои актуелни предизвици во ова поле.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *