ПОПЛАДНЕВО ОД НОВА ГРАДИШКА ЗАПОЧНА 17. УЛТРАМАРАТОН ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Во Нова Градишка, Хрватска попладнево, со полагање цвеќе на споменикот на Тоше Проески пред Електротехничката школа, од страна на ултрамаратонците од Македонија, меѓу кои се и Тоше Анчев, Влатко Семенаков и Марјан Туртуров, започна 17-от ултрамаратон во чест на Тоше Проески.
Претходно, во саботата, на 12 октомври, традиционално, како и секоја година цвеќе положија делегација од Крушево, родниот град на Тоша, предводена од градоначалникот Том Христовски и претставници на градот Нова Градишка – градоначалникот Винко Гргиќ и заменик градоначалникот Борислав Видошиќ.
Четиринаесетте маратонци ќе трчаат 900 километри, најнапред низ Хрватска, па преку Србија, низ Македонија, сѐ до Крушево каде треба да стигнат напладне в среда, 16 октомври, на годишнината од смртта на нашата и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески.
Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа на автопатот А3 Загреб-Липовац кај Нова Градишка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *