ПОГРЕБОТ НА МАСИМО САВИЌ – „ГЛАСОТ“ ЌЕ БИДЕ ВО ЗАДАР

Масимо ќе биде погребен во Задар, но датумот на погребот се уште не е познат, а комеморацијата ќе се одржи во петок на 30 декември во 11 часот во Хрватскиот народен театар во Загреб, пишува Јутарњи лист.
Масимо Савиќ ненадејно почина на 61-годишна возраст, по кратко и тешко боледување кое го криеше од јавноста. Веста за смртта на Масимо ја објави неговото семејство на Фејсбук.
 
„По кратка, но херојска борба, нè напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ние ќе бидеме ваши девојки засекогаш“, стои во објавата потпишана од сопругата на Масимо, Ени и ќерката Мирна.
 
„Желбата на Масимо беше да биде кремиран. Кога неговата сопруга Ени ќе ги има точните информации, ќе ве извести и подоцна ќе дознаеме се за погребот. Комеморацијата во ХНК е договорена и сега се договараат сите детали. Дефинитивно ќе бидат присутни најблиски пријатели, неговиот бенд а меѓу многуте музичари, сигурно ќе бидат и Иво Попескиќ и Пеги Мартињак. Ќе настапат само инструменталисти со оглед на тоа што „гласот“ беше Масимо, па нема потреба да се користи друг глас“, рече Лана Чулиг од Aquarius records, издавачката куќа на Масимо.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *