ПОЕТСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЏЕК ХИРШМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА
Утре , 30 октомври (сабота)во кафе бар „У“ во Гевгелија, во соработка со Библиотеката „Гоце Делчев“ со почеток во 20:00 часот ќе биде реализиран поетски настан „Денови на Џек Хиршман“, со програма која вклучува: видео проекција со дел од неговите најважни претставувања, поетско читање, дискусија и презентација на неговото дело, и диџеј сет на Аџамија.
Џек Хиршман е роден во Њујорк, а израснал во Бронкс. Како млад уредник на Асошиејтед прес во Њујорк, неговиот прв допир со славата и неговото јавно препознавање доаѓа преку писмото што му го напишал Ернест Хемингвеј, објавено по смртта на Хемингвеј како „Писмо до младиот писател“. Хиршман дипломирал на Сити колеџот во Њујорк и на Универзитетот во Индијана, кадешто студирал компаративна литература. Тој е популарен и иновативен професор на UCLA во периодот на 1970-тите, пред да биде отпуштен поради неговите антивоени активности. Оттогаш Хиршман живеел во Калифорнија, создавајќи го својот уметнички и политички дом во областа Норт Бич во Сан Франциско.
Неговата прва поетска книга беше објавена во 1960 година со предговор напишан од Карл Шапиро: „Какво олеснување да се најде поет кој не се плаши да биде вулгарен или сентиментален, кој во поезијата може да пукне од смеење или да плаче како луд – кој може да води љубов со јазикот или да го клоцне во задникот“.
Хиршман помина четвртина век талкајќи по улиците на Сан Франциско, кафулиња (вклучувајќи го и Кафе Трст, каде што беше редовен муштерија) и читајќи, станувајќи активен уличен поет и патувачки активист. Хиршман е и уметник и колаж, но има преведено и повеќе од два тома книги од германски, француски, шпански, италијански, руски, албански и грчки јазик.



Прегледи: 275