ИН МЕМОРИАМ – ПОЧИНА НОВИНАРОТ САШЕ ДИМОВСКИ

Саше Димовски кој и беше познат на македонската јавност преку следењето на случувањата во правосудниот систем, почина на 47 годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации.
 
Беше претседател на Совет на чест на ЗНМ, а пред некое време беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
 
Како новинар има работено во Канал 5, Сител, Алфа ТВ, а беше и основач на порталот svedok.mk. Автор е на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.
Телевизија Нова изразува длабоко сочувство до неговите најблиски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *