Мирко Попов е македонски диџеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимаваше уште од осумдесеттите години. Тој е основоположник на PMG Production, а има одиграно и во неколку театарски претстави и филмови.
Прв пат настапува како професионален диџеј во 1992 година и оттогаш не престанува со настапи. Истата година добива простор во култното скопско музичко радио „Канал 103″.
Во 1998 ја формира ПМГ Рекордингс, дискографска куќа која ја регистрира и промовираше квалитетната музика на новото време. ПМГ Рекордингс денес е водечка независна дискографска куќа во земјата, со над 300 изданија.
Дел е и од култниот електро – џез состав Кантон 6, а од 2020 година продуцира, издава и настапува и како соло артист под името Mirko Popov Quartet.
Тој пред неколку дена беше хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување по обилно мозочно крварење. Мирко почина на 51 година.