ПО Д-Р ОЛУМЧЕВ И Д-Р ЛАЗАРОВ НА МИСЛЕЊЕ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА ИМА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО:„СAMO ЌЕ СЕ РАЗБОЛАТ МНОГУ ДЕЦА ДОДЕКА СЕ РЕВИДИРА ОДЛУКАТА“

По вчерашната изјава на епидемиологот д-р Сашко Олумчев од Гевгелија за гевгелиската ТВ НОВА 12, дека во овие услови не треба да има настава со физичко присутво, д-р Ненад Лазаров е втор лекар кој го има истото мислење.Тој на својот фејсбук профил напиша:
„Согласно моменталните услови, немаме апсолутно ниту здравствен ниту капацитет на образовниот систем за да започне училишна година со физичко присуство. Само ќе се разболат многу деца додека се ревидира одлуката,недозволиво. Систематски прегледи не сме способни да течат кај децата, не пак друго нешто.“ – коментира доктор Ненад Лазаров.
Да потсетиме, во интервјуто за нашата телевизија, епидемиологот, д-р Сашко Олумчев истакна:
Иако тоа го посакувам и поради социјалните и поради психолошките проблеми што ги носи „он лајн“ наставата, гледано епидемиолошки не се исполнети сите критериуми кои гарантираат безбедност и здравје на учениците. Тука мислам на фактот што оваа популација не е вакцинирана, што создава услови на брзо ширење на вирусот меѓу учениците, а од друга страна немаат сите училишта технички услови да ги исполнат епидемиолошките барања за држење дистанца, не групирање помеѓу нив и слично.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *