ПЛАНИНАРИ НА ЗПСК „КОЖУФ“ ИСКАЧИЈА ЧЕТИРИ ВРВОВИ НА ПЛАНИНСКИОТ ВЕНЕЦ ДОЛОМИТИ ВО ИТАЛИЈА.

Од 7 до 12 септември, 30 планинари,од кои 22 членови на ЗПСК Кожуф реализацираа акцијата на планинскиот венец Доломити во Италија.
Планинарите искачија 4 врвови каде имаа можност да уживаат во прекрасните пејсажи и сестрани убавини кои ги нуди овој предел на Италија.
Акцијата започна со искачување на врвот Piz Boe 3152 мнв. преку Paso Pordoi. Вториот ден беше ден за Via Ferrata и искачување на врвот Monte Paterno со 2744 мнв. При оваа акција планинарите ја имаа можноста да го доживеат прекрасниот поглед на Tree Cime, на кој никој не остана рамнодушен. Третиот ден беше ден за искачување на Cinkve Tori преку домот Averаu и уште една возбудлива Via ferrata до врвот Averau 2648 мнв. при што следуваше спуштање до домот и искачувње до врвот Nuvelau 2575 мнв.
Четвртиот ден временските услови не дозволија посета на езерото Sorapis, но сепак задоволни и исполнети со многу насмевки и куфери полни спомени за паметење планинарите се упатија назад кон Македонија.
ЗПСК КОЖУФ како организатор на оваа акција посебна благодарност упатува до Gorgi Dimitrievski како водич на оваа адреналинска авантура и до превозникот ДЕ-КА Демир Капија кои професионално си ја исполнија својата задача.
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *