Во рамките на Гевгелиското културно лето, во среда, на 3 јули 2024 година во 20,30 часот, со Летен концерт, пред гевгеличани ќе се претстават учениците на Школата за гитара која работи при Пионерскиот дом во Гевгелија, под менторство на Костадин Динев.
Концертот ќе се одржи на платото пред Народниот театар, а на него учениците ќе покажат колку напредувале во совладувањето на техниката на свирење на овој инструмент.