ПЕТ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ГЕВГЕЛИЈА И ШЕСТ СОВЕТНИЧКИ ЛИСТИ ПРИЈАВЕНИ ДО ОИК ГЕВГЕЛИЈА

Општинската изборна комисија во Гевгелија до крајниот рок за пријавување на кандидатури на локалните избори до 24 часот на 11 септември, има примено пет пријави за кандидати за градоначалници и шест за советнички листи.
Кандидати за градоначалник доставија партиите ИНТЕГРА, СДСМ, коалицијата ЛДП И ДОМ, ВМРО-ДПМНЕ, како и НЕЗАВИСНАТА СОВЕТНИЧКА ЛИСТА ТОМЕ КИЧУКОВ.
Листи со кандидати за членови на Советот доставиле шест предлагачи од кои пет се од политичките партии коалицијата ЛДП и ДОМ, ЛЕВИЦА, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ИНТЕГРА и една од НЕЗАВИСНАТА СОВЕТНИЧКА ЛИСТА ТОМЕ КИЧУКОВ.
Откако Општинските изборни комисии официјално ќе ги потврдат сите кандидатури и тоа најдоцна до 18 септември, тие ги доставуват листите до ДИК за да биде извршено жребување за нивниот редослед, што треба да се одржи најдоцна до 23 септември. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. По извршениот жреб потврдените кандидатски листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на Избирачките одбори.

olor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *