ПЕСНАТА НА НАД 200 ГЕВГЕЛИСКИ ДЕЧИЊА БАДНИКАРИ ГО НАЈАВИ ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО – БОЖИЌ

Луѓе радувајте се, играјте, ангели веселете се.
Свет, свет, свет си и пресвет Господи !”
 
Бадниковата поворка со над двестотини дечиња кои ја пееја старата коледарска песна „Вечниот бог”, помина денеска, на Бадник, низ улиците во Гевгелија.
Манифестацијата „Бадникова поворка“ која претставува возобновена православна традиција на свечено и достоинствено најавување на Христовото рождество, и оваа година, се одржа во организација на Гевгелиското архиерејско намесништво.
Бадниковата поворка на дечиња, се движеше низ централното градско подрачје, кои пеејќи ја божикната песна „Вечниот Бог“ ги известуваа граѓаните за радосната вест на Христовото рождество, носејќи ја божиќната ѕвезда што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Тие ја носеа и специјално украсената пештера на која беше претставено Рождеството Христово.На крајот, дечињата се вратија во црквата „Свети Кирил“, каде распеаните коледарчиња беа дочекани и дарувани со најголема љубов, почит и пригодни пакетчиња.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *