ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО ОВИЕ РЕВИИ ЈА ЧУВААТ БОГАТАТА ФОЛКЛОРНА ТРАДИЦИЈА И ГО ЗБОГАТУВААТ КВАЛИТЕТОТ НА СВОЕТО ЖИВЕЕЊЕ,

19-та Регионална ревија на песни, музика и игри на пензионерите од шестиот, Повардарски регион во организација на Здружението на пензионери од Гевгелија се одржа вчера во Гевгелија . Во прекрасниот простор на Негорските бањи, настапија пензионерите од Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Демир Капија, Неготино, Кавадарци и Велес.
На ревијата, која поради здравствените препораки, се одржа на отворено, здруженијата на пензионери од овој регион уште еднаш го презентираат нашето богато фолклорно наследство. Оваа ревија, на која присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, за отворена ја прогласи претседателката на Сојузот здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова:
„ Со оваа регионална ревија, рече Трајкова, заврши Регионалниот музички пензионерски карван, кој започна во Прилеп а продолжи во Гевгелија. Сето ова ќе финишира со Републичката ревија на песни, музика и игри на пензионерите, на 23 јуни во Скопје. Со ваквите дружења, истакна таа, пензионерите не само што ја чуваат богатата македонска фолклорна традиција, туку и го збогатуваат квалитетот на своето живеење.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *