ПЕАЧКАТА ГРУПА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ГЕВГЕЛИЈА НАСТАПИ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПЕАТ“ ВО НЕГОТИНО
Манифестацијата “Пензионерите пеат”традиционално се одржа и оваа година.
Домаќини беа Здружението на пензионери од Неготино кои го дадоа својот максимум да се претстават во најдобро светло. Настанот се одржа во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев”, а настапија пензионери од Неготино, Кавадарци, Валандово, Велес, Демир Капија, Дојран, Богданци и Гевгелија.
Пеачката група од Гевгелија се претстави со песните „За многу години македонци“, „Софка на тато“ и „Јана грло заболело“