„ПАРНИ ВАЉАК“ ЈА НАЈАВИЈА „КОНЦЕРТНАТА ТУРНЕЈА 2022“ ВО ХРВАТСКА

Во годината во која слават 46 години постоење, Парни ваљак со најавата на оваа спектакуларна турнеја за 2022 година ја потврдува титулата најдолговечен и концертно силен домашен рок бенд на сите времиња. После сите овие години, времето е на нивна страна и тие уште еднаш спектакуларно ја откриваат својата амбиција да и пружат на верната публика она што неуморно го прават пет децении – извонредно концертно искуство за паметење.
Рок институцијата Парни ваљак во голем стил најавува враќање на сцените низ Хрватска. Покрај веќе најавениот настап во Загребската Арена, групата ја открива и исклучителната концертна турнеја за 2022 година, која во првиот дел ќе опфати вкупно десет хрватски градови. Од февруари до јули следната година, „Парни ваљак“ ќе го донесе своето врвно искуство со настапи во живо на генерациски разновидната публика низ цела Хрватска – од Славонија преку централниот дел, па се до Истра и Далмација, а концертите ќе вклучуваат и градови каде што бендот не настапувал повеќе од 20 години.
“Среќни сме што почнуваме повторно да настапуваме, бидејќи веќе полудевме без музика во живо пред публиката. Особено со нетрпение очекуваме да ги посетиме градовите каде што не настапувавме долги години како дел од оваа турнеја”, изјавија од бендот. .
Турнејата „ПАРНИ ВАЉАК 2022“ започнува во Истра, со настап во Пазин на 18 февруари, а по првичното одложување, тие конечно ќе го одржат претходно најавениот голем настап во загребската Арена на 26 март, за да првиот дел од оваа исклучителна турнеја бендот го заврши на 2 јули со концерт во Госпиќ.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *