ПАКЕТЧИЊАТА ЗА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ ДЕЧИЊА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ ЌЕ ГИ ПОДЕЛИ ВО ПИОНЕРСКИОТ ДОМ НА 29 ДЕКЕМВРИ ВО 11 ЧАСОТ
Како што пишувавме, Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, на 29 декември, 2021 година, организира традиционален дочек на Дедо Мраз за најмалите од општина Гевгелија.. Пред почетокот на овој настан, во просториите на Пионерскиот дом, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, традиционално, ќе им додели новогодишни пакетчиња на дечињата од социјално-ранливите категории. Доделувањето на пакетчињата ќе започне во 11 часот.