Престојниот викенд, активни ќе бидат играорките и играорците на фолклорниот ансамбл „Бојмија“. Имено, на 5 април, во Домот на културата во Брчко, Босна и Херцеговина, ансамблот ќе одржи целовечерен концерт на македонскиот фолклор. На овој концерт, тие пред тамошната публика ќе се претстават со игрите „Радовишки собор“, „Лазаренки“, „Повардарие“, „Буките и посеница“ и „Пијанец“.
Наредниот ден, во сабота, на 6 април, во Шабац, Република Србија, ќе се одржи Втората меѓународна смотра на ветерани и рекреативци на фолклорот, каде за прв пат ќе настапат и ветераните на Ансамблот „Бојмија“ со „Повардарие“