ОВА ДА ГО ПРОЧИТААТ ИДНИТЕ КУМОВИ. НАЈЧЕСТИ ИМИЊА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ АЛЕКСАНДАР И МАРИЈА, А ВО 2021 БИЛЕ МАТЕЈ И САРА

Официјалната статистика поребројала дека ова е најчестото машко име зашто вкупно 23.510 Македонци го носат ова име. Кај женските имиња најчесто е Марија зашто од 1.027.868 жени дури 21.364 се викаат Марија.

На листата на најпопуларни машки имиња во првите десет се уште: Зоран, Никола, Горан, Драган, Дејан, Петар, Игор, Илија и Стефан.

Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња во 2021 година кај новородените женски бебиња се Сара, Јана, Јована, Марија, Софија, Асија, Елиф и Туана, додека кај машките деца најчести имиња се Матеј, Тадеј, Александар, Калин, Увејс и Дијар.

Како специфични имиња кои родителите изминатава година им ги даваа на своите новороденчиња се Антигона, Дуња, Аника, Валерија и Калија.

Според статистиката, минатата 2019 година најчести имиња кај новородените женски бебиња биле Дениција, Михаела, Јана и Катерина, додека кај машките деца најчести имиња биле Давид, Михаил, Стефан и Калин. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *