ОТВОРЕН САЕМОТ НА КНИГА 2024

Од вчера, среда, 14 август, па до недела, 18 август, под јаворот до библиотеката „Гоце Делчев“ ќе бидат изложени најновите изданија на петте македонски издавачки куќи Гаврош, Чудна шума, Сказнувалка, Полица и Божилак.
Во организација на библиотеката „Гоце Делчев“, на овој саем, сите вљубеници на убавиот пишан збор, можат да си купат нова книга за пониски, саемски цени. Одделете дел од вашето слободно време, и посетете го овој Саем на книгата, кој за вас е отворен од 18 до 22 часот и пополнете ја вашата домашна библиотека со белетристика, детска литература, трилери и….

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *