ОТСЛУЖЕНА СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО МАНАСТИРОТ „СВЕТИ СПАС“Г. АГАТАНГЕЛ: НЕКА НА ОВОЈ ГОЛЕМ ПРАЗНИК, ЉУБОВ И ПОЧИТ ГИ ИСПОЛНАТ ВАШИТЕ СРЦА, СРЦАТА НА ВАШИТЕ СЕМЕЈСТВА И НА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД

По повод големиот христијански празник, Христовото Вознесение-Спасовден, денеска четврток, 10 јуни 2021 година, се отслужи Свечена Божествена Литургија во манастирот „Свети Спас“. На литургијата, по повод Спасовден, заштитникот на градот Гевгелија, на која присуствуваше и градоначалникот Сашо Поцков, чиноначалствуваа Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Повардарски, г.Агатангел во сослужение со Неговото Преосвештенство, Митрополитот Брегалнички, г. Иларион и Неговото Преосвештенство, Митрополитот Европски, г. Пимен.
Пред многубројните верници собрани во манастирската црква „свети Спас“, г. Агатангел честитајки им го големиот христијански празникот, Христовото вознесение, истакна дека токму сега е времето кога е потребен духовен мир да ги исполни срцата и душите на сите присутни, на градскиот татко, на нивните семејства, како и на целиот македонски народ.
Не треба, продолжи тој, да не разделува ниту верската ниту националната ниту политичката разноликост, потребно е световно и духовно единство, потребна е љубов и почит еден кон друг, за да можеме да си го зачуваме нашиот идентитет, нашиот јазик и сите наши културни и општествени вредности.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *