ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ

Територијалната противпожарна единица во Гевгелија целосно е подготвена за дејствување и заштита од пожари, во пресрет на летната сезона, соопштуваат надлежните од Општина Гевгелија.
Поради претстојните зголемени летни температури, тие апелираат до граѓаните да внимаваат при посетите во шумите и во другите пошумени или необраснати локации, да не користат запаливи материи, кои може да предизвикаат пожар од пошироки размери.
– Се предупредуваат патниците што патуваат со автомобилски или железнички превоз да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари преку прозорците, за да не се предизвикаат пожари по должината на патните комуникации. Лицата што во периодот на зголемени надворешни температури мора да спроведуваат работни активности во пошумени или други локации, особено при палење стрништа, да ги зголемат мерките на претпазливост за да не дојде до опожарување на околината – предупредуваат од локалната самоуправа.
Од територијалната противпожарна единица, пак, ги известуваат граѓаните доколку забележат одредени сомнителни места на кои е присутен оган или чад, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 193. или 034/211-881

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *