ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СТИПЕНДИРА 6 СТУДЕНТИ НА МЕДИЦИНСКИТЕ ФАКУЛТЕТИ
На 5-та седница на Советот на Општина Гевгелија, која ќе се одржи во петок, на 28 јануари 2022 година, Советот ќе расправа и за Предлог одлуката за доделување на стипендии на талентирани ученици од Општина Гевгелија запишани на Медицинските факултети во академската 2021/2022 година.
Висината на стипендиите ќе изнесува 6.000 денари месечно за 10 месеци во академската година.
Со доделувањето на овие стипендии, Општина Гевгелија настојува да обезбеди медицински кадар, кој во моментот е дефицитарен во Општата болница во Гевгелија.