ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ГО СТАВА НА ЈАВЕН УВИД ИДЕЈНОТО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ПАРАКЛИСОТ „СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ“

По спроведувањето на Јавниот конкурс за изработка на идеен проект за подигање спомен-обележје „Параклис посветен на Св. Архангел Михаил“ во Гевгелија, Одборот за подигање на истото спомен-обележје ја разгледа единствената апликација под шифра „170253“.

Констатирајќи дека проектната документација ги исполнува условите од Конкурсот, Одборот го повикува анонимниот проектант да се јави во Општина Гевгелија на следниот телефонски број: 078 690 648.
 
Согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја, Општина Гевгелија го објавува на увид идејното решение на Параклисот „Св. Архангел Михаил“, којшто ќе биде подигнат во новиот урбан парк во Гевгелија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *