На вонредната 48.Седница на Советот на Општина Гевгелија, советниците донесоа одлука за доделување на финансиски средства во износ од 20.000 евра како помош на настраданите жители од поплавите на збратимената општина Јабланица во Босна и Херцеговина.
Со тоа, уште еднаш. како и во повеќе други слични ситуации до сега, жителите на општина Гевгелија ја покажаа својата хуманост да помогнат на луѓето на кои помошта им е неопходна..
Веднаш по дознавањето за оваа невидена до сега катастрофа, градоначалникот Андон Сарамандов во порака до властите и на БИХ и на градот Јабланица изрази големо жалење, а воедно изрази и сочувство до „нашите браќа и сестри од збратимената општина Јабланица“, стоеше во пораката.
Како што е познато поплавите што ја погодија Херцеговина и централниот дел на Босна и Херцеговина вечерта на 3 октомври, предизвикаа сериозна хуманитарна и инфраструктурна криза. Досега се потврдени 14 смртни случаи, а според Дарко Јука, раководител на Одделот за односи со јавноста на Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон, се уште има многу пријави за исчезнати лица. „Сè уште не ја знаеме точната бројка. Не се сеќавам на ваква криза од војната до денес. Размерите на оваа хаотична ситуација се застрашувачки“, рече Јука.