Со пригодна реч за Свети Климент Охридски, со рецитал, литературни творби, музички нумери како и спортски вежби, денес, учениците и наставниците од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци го прославија, се разбира, поради пандемијата, виртуелно, својот патронен празник.
Честит и вековит да ни биде Денот на училиштето и да го спомнуваме нашиот патрон,Климент Охридски!, напишаа тие на фејсбук страната на своето училиштето.
А, вековито нека биде и сеѓавањето на Свети Климент Охридски, еден од првите светци, писатели и просветители на Словените.
Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички