ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“ ДЕНЕС ГО ПРОСЛАВУВА СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК
22 декември е Ден на музичкото училиште „Васо Карајанов“ – повод за славење на основното музичко и балетско образование во Гевгелија. Истовремено го поттикнува важниот придонес на училиштето во формирањето на младите луѓе и нивната подготовка за иднината. На овој ден се прославува богатата музичко-балетска култура и традиција на училиштето и се истакнува неговото значење во општеството.
Оваа година денот ќе се одбележи со следниве активности:
11 часот – положување на свежо цвеќе пред бистата на патронот во градскиот парк;
13 часот – мини концерт на ученици од музичкиот оддел во училиштето;
19 часот – традиционален новогодишен концерт на балетскиот оддел во Народен театар – Гевгелија