Независната, суверена, слободна Македонија е неповратна реалност која македонската дијаспора ширум светот помогна да се создаде.
Овој голем ден за сите Македонци, низ целиот свет, означува непокор, повторно раѓање на државата и воздигнување до нова слобода. Иако ние живееме во независна држава повеќе од 30 години, Македонија сега, повеќе од било кога во поновата историја, македонецот се чувствува поробен во сопствената татковина.
Нашите навидум пријатели кои пробуваат да ја скротат, обезличат и избришат нашата историја, искористувајќи ги слабите власти и лидери на нашата држава прават се што можат, еднаш и засекогаш да стават крај на Македонските корени и ја стават Македонија избришана во светската историја.
Постапките на дел од нашите соседи и европски пријатели покажуваат само едно, ниту го признават нашето постоење, култура и идентитет, ниту го подржуваат нашиот опстанок. Иако непризнаени, и навидум избришани, Македонците ќе опстанат, а Македонија повторно ќе се роди, и токму повторно на овој голем ден Илинден.