ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА НА НВО „ПОДДРШКА“ НА ТЕМА „ЕДНАКВИ ПРАВА ЗА СИТЕ“

Здружението на граѓани „Поддршка“ од Гевгелија започнувајќи од 1 јуни 2023 година, па до 31 мај 2024 година во Општина Гевгелија го спроведува проектот „Еднакви права за сите“. Бидејќи дискриминација и родово базираното насилство претставува најраспространета форма на кршење на човековите права, сметавме дека постои потреба од ваков проект за подигање на јавната свест и менување на ставовите кои ќе доведат и до промена во однесувањето. Покрај големиот број на активности кои некои се веке спроведени а дел се спроведуваат и ќе продолжат во месеците кои доаѓаат, денес се одржа и планираната работилница со претставници на Невладини здруженија во опоштина Гевгелија. 

Целта на оваа работилница е да ги запознаеме присутните со зголемеите случаеви на насилство и дискриминација во нашата средина и потребата од вклучување на сите релевантни фактори за нивно препознавање, соодбветно третирање и превентивно делување. Сметаме дека сите институции и здруженија во доменот на своето работење и делување треба да преземаат одредени активности , проекти и интервенции за сузбивање на овие деструктивни појави и заштита на целокупното население во општината од дискриминација и насилство.
 
На работилницата имаше повеќе претставници од невладин сектор и на истата се разви плодна дискусија и со единствен став и заклучок дека секој во својот домен може да придонесе за превенирање на овие појави и заштита на потенцијалните жртви во иднина. Се надеваме дека со нашата работилница покрај стекнување со нови информации и знаења за дискриминацијата и насилството, го зајакнавме и капацитетот на невладините здруженија кои со свои активности би делувале за превенирање на овие девијантни појави.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *