ОДРЖАН 17-ОТ МЕМОРИЈАЛ „ДИМИТАР КАНГОВ-КАНГАТА 2021“

Здружение Планинарски Спортски Клуб „КОЖУФ“ Гевгелија во неделата, на 3 октомври, го организираше традиционалниот, 17- ти Меморијал “Димитар Кангов – Кангата” 2021
со искачување на највисокиот врв на Кожуф, врвот Зелен Брег, висок 2166 метри. Овој меморијал спортскиот клуб го организира во чест на нивниот долгогодишен член Димитар Кангов – Кангата, кој пред повеќе од 15 години го остави својот живот на Кожуф планина при обид за искачување на врвот Ѕена од грчка страна.
На меморијалот учество зедоа 215 учесници. Освен планинари, членови од ЗПСК КОЖУФ Гевгелија по убавото време се искачуваа и членови на ПЕГ Турни ме да кинисам Битола, ЗПАББ Ристо Картуш Прилеп, Fitness studio Lady – Fit Prilep, ПСПК 7ми Мај Прилеп, ПСД Фри Хикерс Неготино , ЗПК Серта Неготино , КПС Москито Кочани, ПСК Осогово Кочани, КПС Азот Велес, како и ученици од ООУ Климент Охридски – Миравци
Меморијалот годинава беше дел од календарот на акции на ФПСМ ( Федерација за Планинарство на С. Македонија
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *