Општина Гевгелија во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, започна со реализација на Форуми во заедницата.
Третиот форум на заедницата каде се презентираа проектните концепти кои беа подготвени од граѓаните на Втората Форумска сесија, се одржа вчера, на 11.01.2024 година, (четврток) во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.
На форумот беа презентирани правилата зa избор на следниве проекти:
Проект (1) Изградба на велосипедска и пешачка патека, адаптирани и за лицата со попреченост – презентација
Дискусија (коментари, предлози и препораки)
Проект (2) – Уредување на паркот и реконструкција на објектот во Смрдлива Вода и негова адаптација за користење и од лицата со попреченост – презентација
Дискусија (коментари, предлози и препораки)
Проект (3) – Изградба на спортско-рекреативен парк и рехабилитација на веќе постоечките со содржини за лицата со попреченост, деца и возрасни – презентација – Дискусија (коментари, предлози и препораки)
Проект (4) – Селекција и рециклирање на отпад – презентација
Дискусија (коментари, предлози и препораки)
Проект (5) – Собирен центар за употреблив отпад од домаќинаствата – презентација
Проект (6) – Поставување фотоволтаици на училишните згради – презентација