ОДРЖАН КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРЕЧУВАЊЕ ПОЖАРИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

Локалните и државни институции да бидат со зголемена будност, додека граѓаните да бидат внимателни на отворен простор од можноста да се предизвикаат пожари поради високите температури. Ова беше главниот заклучок од координативниот состанок кој, по иницијатива на градоначалникот Андон Сарамандов, се одржа во просториите на Општина Гевгелија.
 
На состанокот присуствуваа претставници на: општинската администрација, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, TППЕ- Гевгелија; Дирекција за заштита и спасување, ПЕ- Гевгелија; Регионален центар за управување со кризи- ПУ Гевгелија; Полициска станица за граничен премин; Сектор за шумска полиција- Гевгелија; ЈП Национални шуми- ПЕ Шумско стопанство „Кожув“- Гевгелија и АД Водостопанство Подружница „Јужен Вардар“- Гевгелија.
 
Од состанокот, произлегоа следниве заклучоци и мерки:
– интензивирање на соработката преку редовна координација и комуникација на надлежните институции;
– засилена контрола со патроли од ОВР- Гевгелија, Шумската полиција и ЈП Национални шуми- ПЕ Шумско стопанство „Кожув“ за спречување пожари на шумските предели;
– ТППЕ- Гевгелија да го стави во употреба дронот со специфичен фокус за рано откривање пожари и нивно движење, со којшто ќе се детектираат и предизвикувачите, а против нив ќе се преземаат дејствија за санкции;
– граѓаните доследно да се придружуваат до апелите од ТППЕ- Гевгелија и Општина Гевгелија за внимание од предизвикување пожари во летната сезона и
– доколку забележат места со оган или дим, веднаш да пријават во најблиските институции или на единствениот повикувачки број за итни повици 112, како и на 193 и 034/211-881.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *