ОДЛОЖЕН УВОЗОТ НА „РДФ“ ОТПАД БИДЕЈЌИ МАКЕДОНИЈА НЕМА ИНСПЕКЦИЈА СО КАПАЦИТЕТ!!!

Собраниската Комисија за европски прашања ја прекина седницата на која требаше да бидат разгледани во второ читање пакетот закони од областа на управување со отпад.
Иако министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини смета дека РДФ отпадот е единствено дозволен за увоз за користење како алтернативно гориво и е неопасен нерециклирачки комунален отпад, сепак поради реакциите на триесеттина здруженија на граѓани и дел од високообразовните институции , како и недовербата во капацитетите на инспекциските служби одлучи да ја повлече оваа законска измена од Собранието.
Министерот Нуредини потсетува дека дека сега повлечената одредба за дозвола на увоз на РДФ отпад како алтернативно гориво е „комплетно хармонизирана со ЕУ законодавството и Базелската конвенција, по кои всушност и ние самите, на пример, ги извезовме количините на винил-хлорид во Охис, или ќе го извезуваме линданот кој ќе започне да се чисти од следната недела.“
-Јас ја разбирам загриженоста на граѓаните за недоволната конктрола и немањето на капацитет за редовна и темелна инспекција. Затоа деновиве разговарав и имав средби со пратениците на Собранието, по што дојдовме до заклучок дека на комисиската расправа ќе го адресираме ова барање и заедно со пратениците ќе направиме измена за забрана на увозот на РДФ, бидејќи постои сомнеж дека не сме подготвени за соодветна имплементација на предвидената регулација, напиша Нуредини на својот фејсбук профил.
Увозот на РДФ отпад за горење беше забранет лани во февруари, откако јавноста беше згрозена и реагираше поради несоодветна контрола на увезуваното РДФ гориво кое се произведуваша во странство.
Отпадното гориво (ГИО) или RDF (гориво добиено од отпад) потекнува од различни извори. Најчести извори се комунален, комерцијален и индустриски отпад, градежен отпад и талог од отпад. RDF може да се произведе и од запаливи фракции што се наоѓаат во отпадот, кои се одделуваат на изворот и не можат да се рециклираат. Некои примери за овој случај на добивање на RDF се:
• отпад од пакување,
• картон собран во специјални контејнери,
• гумени автомобилски гуми,
• текстилен отпад,
• отпадна биомаса,
• остатоци од производството.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *