ОДЛИЧЕН НАСТАП НА АТЛЕТИЧАРИТЕ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ НА ТРКАТА „КАТЕРИНИ 2004“

Денес, во градот Катерини, во Република Грција се одржа трката Katerini Run 2024. Програмата вклучуваше друмска трка од 21 км, Народен пат за здравје и динамично одење од 5 километри, како и трка на 1.000 метри. за деца. Натпреварот беше во организација на А.П.С. Pieria Runners „ZEUS“ и Спортската организација (O.P.A.P.) на општина Катерини, со поддршка на Подрачната единица Пиерија.

27 атлетичарите на АК „7-ми Ноември“, настапија во женска и машка конкуренција во сите три категории. При тоа тие ја освоија екипната награда како најбројна екипа на атлетичари.
Во поединечна конкуренција, во женскиот полумаратон, Марија Пеликон го освои третото место во генерален пласман, додека во детската трка Максим Ангов беше исто така трет, во трка во која настапи и Матеј Петков.
 
Тодор Анчев, во трката на 5 километри се пласираше во првите 10 натпреварувачи, освојувајќи го 8-то место.
Дарко Прошев во полумаратонската трка имаше најдобар резултат од гевгелиските натпреварувачи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *