ОДБЕЛЕЖАНИ 16 ГОДИНИ ОД ТРАГИЧНОТО ЗАГИНУВАЊЕ НА ВОЗДУХОПЛОВНИОТ КАПЕТАН ИГОР ЃОРЕСКИ – ХЕКТОР

Денеска се одбележуваат шеснаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот Винг, кога армиски хеликоптер Ми-17 се урна кај селото Блаце, Катлановско.
По тој повод, пред спомен-бистата на воениот пилот, капетан Игор Ѓорески-Хектор во Гевгелија, неговите најблиски роднини, пријатели и делегација на продолжувачите на СЗБ на НОВ од Гевгелија, со положување свежо цвеќе му оддадоа почит на својот храбар сограѓанин. Игор Ѓорески беше член на експедицијата составена од 11 македонски мировници кои на враќање од успешно реализираната мисија во 2008 година настрадаа во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце. Постхумно капетан Ѓорески беше одликуван за воен воздухопловен ветеран и прогласен за паднат борец, а во 2009 година постхумно му беше доделена највисоката општинска награда „7 Ноември“ за животно дело.
 
Инаку, армиски хеликоптер Ми-17 на овој ден пред 12 години се урна кај Катланово, на само 50-ина метри од последните куќи во селото Блаце.
Во услови на намалена видливост, поради маглата, хеликоптерот ја започнал постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики“. На падот на армискиот хеликоптер му претходела експлозија.
Во несреќата немаше преживеани, а покрај капетан Игор Ѓорески, загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски и заставник Славчо Василев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *