ОДБЕЛЕЖАНИ 119 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ИЛИНДЕНЕЦОТ, ГЕВГЕЛИСКИОТ ВОЈВОДА САВА МИХАЈЛОВ

Со пригодна свеченост денеска во Гевгелија беше одбележана 119 годишнината од загинувањето на илинденецот, гевгелискиот војвода Сава Михајлов, кој на денешен ден во 1905 година сам си го одзел животот кај селото Смол, гевгелиско, во нерамноправна борба со турскиот аскер.
Свежо цвеќе пред неговата биста во центарот на градот положија делегации на борците и на нивните поддржувачи , политичките партии и здруженија на граѓани.
 
Сава Михајлов е роден во с.Мачуково,Гевгелиско, 1877 година. Од почетокот на 1903 година е војвода во гевгелиско. Учествувал во Илинденското востание. Бил близок соработник на Гоце Делчев и учествувал во многу акции против отоманскиот поробувач, меѓу кои и во киднапирањето на Мис Стон и диверзијата на железничкиот мост на реката Вардар. Тој претставува континуитет затоа што неговото име го носеше и првиот партизански одред кој беше формиран во регионот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *