ОДБЕЛЕЖАНИ 117 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА САВА МИХАЈЛОВ, ИЛИНДЕНЕЦОТ, УЧИТЕЛОТ, ГЕВГЕЛИСКИОТ ВОЈВОДА И БОРЕЦОТ ЗА СЛОБОДАТА НА МАКЕДОНИЈА

Со пригодна свеченост денеска во Гевгелија беше одбележана 117 годишнината од загинувањето на илинденецот, гевгелискиот војвода Сава Михајлов, кој на денешен ден во 1905 година сам си го одзел животот кај селото Смол, гевгелиско, во нерамноправна борба со турскиот аскер.
Свежо цвеќе пред неговата биста во центарот на градот положија општинската делегација предводена од градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов како и делегации на борците, политичките партии и здруженија на граѓани.
Пред присутните, историчарот Миле Смилков се осврна на ликот и делото на Михајлов. Сава Михајлов е роден во с.Мачуково,Гевгелиско, 1877 година. Од почетокот на 1903 година е војвода во гевгелиско. Учествувал во Илинденското востание. Бил близок соработник на Гоце Делчев и учествувал во многу акции против отоманскиот поробувач, меѓу кои и во киднапирањето на Мис Стон и диверзијата на железничкиот мост на реката Вардар. Тој претставува континуитет и неговото име во Гевгелија никогаш нема да згасне. Неговото име го носеше и првиот партизански одред кој беше формиран во регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *