ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЗГРИЖУВАЧИ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

Центарот за поддршка на згрижувачките семејства на СОС Детско село Скопје, по повод одбележувањето на 1 Јуни – Денот на згрижувачи, а со цел промоција на згрижувањето како социјална услуга и ширење на мрежата на згрижувачки семејства во општината Гевгелија, oрганизираше промотивен настан. На настанот, на кој присуствуваше и градоначалникот Андон Сарамандов, заинтересираните граѓани можеа преку разговор со стручните соработници да дознаат нешто повеќе за згрижувањето на напуштените дечиња.
 
Наде Качакова, директорка на ПУ СОС „Детско село“ во изјава за медиумите посочи дека со овој промотиван настан се сака да се поттикне јавноста да се мотивира и инспирира околу тоа како тие да станат згрижувачи. Во соработка со Центарот за социјална работа од гевгелија и Општина Гевгелија, посочи Качакова, со заеднички сили ја пренесуваме пораката зошто е важно да се стане згрижувач и кој е бенефитот од ова како за самото дете, така и за пошироката заедница. Нашите соработници на сите заинтересирани граѓани ќе им објаснат кој се може да стане згрижувач, односно носител на дејност сместување во згрижувачко семејство, законските критериуми за регистрација и поддршката која ја добиваат згрижувачките семејства, вклучително и информации за финансиските надоместоци за услугата, заврши Качакова.
 
Директорката на Центарот за социјална работа од Гевгелија, Васка Илиева истакна дека овој Центар има обврска да ги упатува и информира згрижувачките семејства. Во овој момент, објасни таа, на подрачјето на Општина Гевгелија има три згрижувачки семејства во род и едно општо згрижувачко семејство.
Би сакала, напомена Илиева, на сите згрижувачи да им го честитам нивниот ден и да ги охрабрам и други семејства кои имаат желба да станат згрижувачи, да ја развиеме заедно позитивната приказна во нашата општина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *