ОДБЕЛЕЖАН 26-ТИ АПРИЛ, ДЕНОТ НА ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ПРВИТЕ ПАРТИЗАНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА И ГЕВГЕЛИСКО

Во Гевгелија, со полагање свежо цвеќе на спомениците на народните херои, како и пред Спомен костурницата во центарот на Гевгелија беше одбележана 81-та годишнина од Денот на излегувањето на првите партизани во Гевгелиско – 26 април. Цвеќиња положија делегации на општинската организација на СЗБ од НОВ-Гевгелија и нивните продолжувачи, како и на претставници на политички партии и граѓански здруженија.

Излегувањето на партизаните од овој крај се совпаднало со Велигденските празници пред 81 година кога било договерено тие да излегуваат во групи поради безбедносни причини. Првата група партизани излегла токму на 26 април 1943 година, во потпланинското место Топлик, а по неа излегоа и останатите кои подоцна го формираа партизанскиот одред „Сава Михајлов.
 
На присутните им се обрати Ристо Марковски, претседател на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од Гевгелија.При тоа тој нагласи дека овој ден треба да се слави бидејќи е многу значаен за историјата на Гевгелија.
Македонскиот народ, посочи тој, низ историјата водел многу битки за свое ослободување, но токму со учеството во Втората светска војна, на страната на Антифашистичката коалиција, се оствари вековната желба за самостојна македонска држава.
Затоа, вечно сме им благодарни на сите оние знајни и незнајни борци кои го положија својот живот, за да ние, нивните потомци, денес живееме во мир, заврши Марковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *