Четворица мото крос тркачи од Гевгелија учествуваа на мотокрос трката „Ендуро Забел 2021“ на патеката “ЗАБЕЛ“ во Старо Нагоричане, во близина на манастирот Забел. Иако трката беше од ревијален карактер сепак, мотокросистите од Гевгелија постигнаа добри резултати.
Така Андреј Милковски, кој возеше во категоријата Е2 го освои првото место, а во истата категорија Саше Трајков беше шести.
Во класата Е1 учествуваа уште двајца тркачи од Гевгелија, при што Иван Цековски се пласираше на шестото место, додека Антонио Камберов го освои седмото место.