ОД ВТОРНИК СТАРТУВА ПЛАТНИОТ РЕЖИМ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО ДЕЛ ОД ЖОЛТА ЗОНА „Б“ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ.

Како што информираат од ЈПКД „Комуналец“, од вторник, 01.10.2024 година, започнува наплатниот режим за паркирање во дел од втора жолта зона Б во централниот дел на градот Гевгелија, односно подзоните Б1, Б2, Б3 и Б4.
Подетално, опфатени се следните локации на подзоните:
– Подзоната Б1, улица „Јосиф Јосифовски“ (од раскрсницата на ул.Димитар Влахов со ул. Јосиф Јосифовски до спортска сала „Партизан“);
– Подзоната Б2, улица „Кирил и Методиј“ (посебниот паркинг простор спроти црквата „Св. Кирил и Методиј“ и посебниот паркинг простор зад библиотеката „Гоце Делчев“);
– Подзоната Б3, улица „Борис Карпузов“ (Спроти Центар за вработување Гевгелија, паркинг просторот позади Стопанска банка АД Скопје и паркинг просторот позади Трговскиот центар Гевгелија);
– Подзоната Б4 улица „Гевгелиски Партизански Одреди“ (покрај СОУ „Јосиф Јосифовски“).
Во текот на следните денови ЈПКД „Комуналец“ ќе информира за сите детали околу начинот и условите на користење на јавните паркиралишта во зона Б

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *