ОД УТРЕ, СРЕДА, 14.АВГУСТ, ЗАПОЧНУВА ПЕТДНЕВНИОТ ЛЕТЕН САЕМ НА КНИГА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Гевгелија од утре, среда, 14 август, ќе биде домаќин на петдневниот Летен саем на книга, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија. Во периодот до 18 август, пред јаворот на Библиотеката, на штандови своите најнови изданија на книги (белетристика, литература за деца, трилери…) ќе ги излагаат 5 македонски издавачки куќи и тоа: „Гаврош“, „Чудна шума“, „Сказнувалка“, „Полица“ и „Божилак“. Штандовите ќе бидат отворени од 18:00 до 22:00 часот, за сите љубители на книгата кои сакаат да си ја збогатат својата домашна библиотека.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *