Од минатата среда (27 март), укинат е патничкиот воз кој наутро поаѓаше од Скопје за Гевгелија, а попладне се враќаше.
„ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги извести корисниците на услуги кои патуваат на релација Скопје – Гевгелија – Скопје дека од ден 27 март, до следно известување нема да сообраќаат патничкиот воз бр. 611 кој поаѓа од Скопје во 06.23 часот и воз бр. 632 кој поаѓа од Гевгелија во 17.02 часот“, пишува во соопштението.