ОД СЕЗОНСКИ ГРИП ДО ДЕНЕСКА ВО ГЕВГЕЛИЈА ВАКЦИНИРАНИ 720 ГРАЃАНИ

Од почетокот на вакцинирањето против сезонски грип, од пред една недела, во Гевгелија се вакцинирани 720 граѓани, информираше денес раководителот на Центарот за јавно здравје Велес, ПЕ Гевгелија, доктор епидемиолог Сашко Олумчев.
Вакцинацијата против сезонски грип се врши на вакциналниот пункт кој е сместен во Општата болница во Гевгелија.
Инаку, на ниво на цела држава, до денес 6099 граѓани досега примиле вакцина против сезонски грип, а вкупно 35 811 граѓани се пријавени преку веб страната vakcinacija.mk .
Годинава, Министерството за здравство набави 40.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од шест месеци до пет години. Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна.
May be an image of 2 people and indoor
 
 
 
 

 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *