ОД ПОНЕДЕЛНИК, 21 ОКТОМВРИ, ЗАПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ВО ГЕВГЕЛИЈА

Денес во Центарот за јавно здравје во Гевгелија пристигнаа вакцините против сезонски грип за ранливите групи население Станува збор за четиритипна вакцина од компанијата „Абот“ од Холандија.
Како што не информираше епидемиологот, доктор Сашко Олумчев, од понеделник, 21 октомври, ќе започне вакцинирањето на пријавените граѓани во три пункта кои се во просториите на Општата болница во Гевгелија.
Вакцинирањето ќе започнува секој ден од 8 до 13 часот, при што, вели доктор Олумчев, во текот на еден ден ќе може да се вакцинираат 120 граѓани на Општина Гевгелија.
Воедно, Министерството за здравство испрати допис до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.
– Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи – велат од министерството.
Оттаму додаваат граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на vakcinacija.m

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *