ОД МЕСЕЦ ОКТОМВРИ, ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ПЛАЌА ШЕСТКРАТНО ПОСКАПА ЦЕНА ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, на 3 седница, го информираше Советот на општина Гевгелија за новонастанатата ситуација со снабдувањето со електрична енергија на Општината и четирите јавни општински установи СОУ „Јосиф Јосифовски“, ООУ „Крсте Мисирков“, ООУ „Владо Кантарџиев“ и ЈОУДГ „Детска Радост“.
Сарамандов истакна дека биле направени средби со повеќе засегнати страни, било побарано размислување и од другите општини, како тие менаџираат со овој процес.
-Заклучокот е, дека во моментот како излез од новонастанатата ситуација со енергетската криза е воведување на рестриктивни мерки и правење напори за што побрза замена на постоечките натриумови сијалици за јавно осветлување , со нови штедливи лед сијалици, потенцираше градоначалникот Сарамандов.
Општина Гевгелија го раскина договорот со снабдувачот со електрична енергија „У ПОВЕР ДОО експорт-импорт“- Скопје а поради променетите околности и понудените повисоки цени на електрична енергија. Тоа не беше прифатено ,по што, Општината ја наплати Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот.
Во новонастанатата ситуација, Општина Гевгелија премина на снабдување со електрична енергија во краен случај, согласно Законот за енергетика, со тоа што склучи договор со ЕВН Хоме Доо по цени кои се определени од Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно овој договор, за месец октомври цената на кWh за сите тарифи е во износ од 18,24 денари без ДДВ, а фактурата само за улично осветлување е 2.914.051 денари со ДДВ. За месец Ноември не е сеуште добиена фактурата а доколку, продолжи договорот за снабдување во краен случај, цените сигурно ќе бидат повисоки.
Во текот на октомври беше започната нова тендерска постапка за јавна набавка, на која беше понудена само една понуда, но истата е одбиена поради високата цена за kWh.
Во периодот од 1 октомври до склучувањето на нов договор за снабдување со електрична енергија, се додека не бидат добиени други насоки од РКЕ, во Општина Гевгелија е надмината опасноста од останување без снабдување со електрична енергија.
Доколку, продолжи договорот за снабдување во краен случај, цените сигурно ќе бидат повисоки. Во меѓувреме се известени сите надлежни институции.
– Затоа, Општина Гевгелија деновиве започнува нова постапка за јавна набавка на електрична енергија на слободниот пазар, меѓутоа, во оваа ситуација не можеме да предвидиме какви цени ќе добиеме и дали воопшто ќе има понудувачи, истакна градоначалникот Сарамандов, потенцирајќи дека се преземаат начини за изнаоѓање решенија за справување со енергетската криза.
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *