ОД MАКЕДОНСКИ ШУМИ ТВРДАТ ДЕКА НЕ ВРШАТ СЕЧА НА ДРВА НА ПЛАНИНАТА КОЖУФ ВО ОБЛАСТА „МОРЕТО“, ТУКУ ПО ТЕЧЕНИЕТО НА КОНСКА РЕКА, СОГЛАСНО ПОСЕБНИТЕ ПЛАНОВИ ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО ШУМИ.

Пред извесен период до редакцијата на ТВ Ноава 12 пристигна писмо во кое загрижени жители на општина Гевгелија посочија дека на Кожуф планина, во месноста наречена Морето, под врвот Чичи Ќаја, кое подрачје е прогласено, заедно со Мариово, за подрачја со висок природен потенцијал се сече шумата. Се работи за подрачје со квалитетна букова шума во срцето на планината Кожуф, потенцираа граѓаните.
Заинтересирани да дознаеме за што се работи, веднаш испративме прашање до одговорните во „Национални шуми“ и побаравме објаснување.
Од таму го добивме следниот одговор кој ви го пренесуваме во целост:
Во врска со Вашето прашање испратено по пат на е-пошта на ден 04. 11. 2021, а врзано за сечата во, според Вашите зборови, на букова шума во срцето на Кожуф планина, Ви го испраќаме следниот одговор:
Активностите во месноста “Морето” се одвиваат согласно Посебните планови за стопанисување со шуми одобрени Од МЗШВ и исконтролирани од Државниот инспекторат за шумарство и ловство. Активностите се извршуваат во два стопански периоди од посебноте планови за стопанисување со шумите и тоа во период од 2008-2017 година, и 2018-2027 година.
Истовремено напоменуваме дека објавите во одредени медиуми не се адекватни, т.е. не се однесуваат на место викано “Морето”, туку се однесуваат на течението на Конска Река.
Со почит,
Сектор за план и анализа, инвестиции и развој,
информатички и комуникациски технологии
Помошник директор
Гордана Серафимовска
May be an image of 7 people, tree and outdoors
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *