ОБНОВЕНИ ТАБЛИТЕ СО ИНФОРМАЦИИ НА ВАРДАРСКИ РИД

Во рамки на проектот „Еуропос Платино Стоби Европското минато иднина и културни вредности“ кој се реализира со донација од Европската Комисија преку телото за управување и развој на ИПА прекуграничната програма на Македонија со нашиот јужен сосед, се обновени таблите со објаснување за посетителите на археолошкиот локалитет Вардарски рид.
Сега повторно како порано, заинтересираните посетители на локалитетот ќе можат да го видат и прочитаат објаснувањето на таблите и така да добијат информација за античката градба што ја разгледуваат.
 
Сите заедно да го сочуваме нашето културно наследство и да не ги оштетуваме поставените табли, така ќе придонесеме за развој на археолошкиот туризам на локалитетот Вардарски рид – старомакедонскиот град Гортинија и вреднување на градот како еден од најзначајните македонски антички градови во поширокиот регион.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *