„ПРЕД БОЖИЌ, ЗАД БОЖИЌ, КАЈ ДА СИ, ДОМА ДА СИ“. ОБИЧАИ ВО ГЕВГЕЛИСКО ЗА БАДНИК И БОЖИЌ

Празниците Бадник и Божиќ, 6 и 7 јануари, имаат значајно место во животот на македонскиот човек.
Широко распространет обичај во Македонија е и горењето дрво пењушка наречена Бадник или Бадникојца.

Во некои краеви пењушката е од даб, во некои од смрека, а Стефан Тановиќ забележал дека во Гевгелиско таа била од дива круша, зашто се сметала дека е таа најродна, раѓа секоја година.
Името на овој ден Бадник доаѓа од бдеењето, будноста покрај обредниот оган.
Божиќ, денот на Христовото раѓање за македонскиот народ е еден од најголемите празници.
 
Во Гевгелиско на децата Божиќ им бил претставуван како благ и добродушен старец, со бела коса и брада, наметнат со кожуф и качен на криво магаре.
Божиќ се празнува три дена со богати гозби, веселби и песни, а со овој ден започнува периодот од 12-те Некрстени денови.
Во народот е популарна поговорката „Пред Божиќ, зад Божиќ, кај да си, дома да си“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *